Бришење на издавачот Мермерен комбинат АД Прилеп од „Листата за набљудување“
петок, 10 ноември 2023

Ве известуваме дека на 10.11.2023 година Берзата изврши бришење на издавачот Мермерен комбинат АД Прилеп од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Павлидис Едно Лице АД Мермер-Гранит. 

Мермерен комбинат АД Прилеп беше внесен на 31.08.2023 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Павлидис Едно Лице АД Мермер Гранит.